ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Филипче: Растат платите и лековите се достапни секој ден од месецот

Тој додаде дека за 2,5 години платите на лекарите специјалисти се зголемени на 40 отсто, над 23 проценти на медицинските сестри, на младите лекари за над 25 отсто, на здравствени соработници над 15 проценти.

November 23, 2019 22:41
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред 2,5 години се соочивме со обесправени доктори и медицински сестри кои учат германски за да заминат во странство, пациенти со ретки болести без лекови, дијабетичари кои не знаат каков инсулин примаат, по две новороденчиња во еден инкубатор, истакна министерот за здравство и претседател на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гостивар.

„Почнавме да инвестираме првенствено во луѓето, пред се во младите, за да останат тука да се едуцираат. Дадовме над 5 илјади согласности за вработување за 2 години и нема здравствена установа во земјата, каде бројот на вработени не е зголемен за најмалку 10 отсто, платите беа ниски, со дежурства за смешен надомест и затоа почнавме процес на зголемување на платитие. Минатата година надоместокот за дежурства се триплираше до највисоките 7.200 денари, нагласи Филипче.

Тој додаде дека за 2,5 години платите на лекарите специјалисти се зголемени на 40 отсто, над 23 проценти на медицинските сестри, на младите лекари за над 25 отсто, на здравствени соработници над 15 проценти.

„Нема повеќе турски инсулин, нема лекови без сертификат, нема сомнителни лекови, но има три нови видови на лекови за дијабетес, се зголеми буџетот за вакцини и за 6 месеци ставивме крај на епидемијата на сипаници“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека повеќе нема квоти во аптеките, нема гужви и турканици, паника дали ќе се најде лекот, сега секој ден во месецот ги има лековите и истовремено не се зголемија трошоците.

„Освен голем број на вработување во гостиварската болница дадовме над 20 специјализации и се реновираа операциските сали, кои се опремени со најдобра хируршка, а идната година ќе биде набавен апарат за магнетна резонанца“, рече Филипче.

Next Post

Променливо облачно со магла и локален дожд во јужните делови

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk