Денеска се регистрирани 520 нови случаи на коронавирус од 3.023 тестирани, починати се 12 лицa. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12, Струга-20, Велес-15, Битола-17, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.
„Еуроактив“: Софија ја менува тактиката кон Скопје за да ја ублажи напнатоста. Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, вчера на специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, му го претставила бугарскиот акциски план за подобрување на односите во кој се вклучени повеќе министерства.
Што има во Акцискиот план на Софија – Од отворање на кампуси на бугарските универзитети во Македонија, учебници по историја до инвестиции и инфраструктура…„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија“, пишува „Еуроактив“.
Бучковски: Блискоста на двата народа и двете земји нè тера да преземеме чекори за изнаоѓање решение. Без оглед на интензитетот на моите патувања и состаноци, очигледно е дека двете земји се заинтересирани да не ги замрзнуваат односите или комуникацијата само преку медиуми и преку посредници, рече Бучковски.