„Имавме серија на разрешувања на функционери, кои се однесувале спротивно на кодексот, и затоа велиме нема недопирливи, нашата транапратност оди до најниско ниво. Даваме задолжение на општините задолжително да објавуваат одреден тип на документи, 22 вкупно, ако сакаат да добијат финанска помош за проекти. Едноставно, да не се кријат информациите од граѓаните. Спремаме низа одлуки за кратење на службените трошоци, на дискреционите права на одредени функционери и тоа не го правиме само декларативно, туку носиме одлуки што ќе се применат за да ја ограничиме моќта и да имаме чесни и одговорни политичари.“- изјави Љупчо Николовски, вицепрмиер за борба против корупција, во интервјуто на вестите на телевизија Канал 5.
Меѓу другото, тој говори кои се областите за кои постои најголем сомнеж дека има корупција но и за обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ за непотизам. Трагично е за партија која сака да дојде на власт да се служи со вакви лаги и небулози , вели Николовски.
Николовски порачува дека заедно со граѓаните и институционалната интероперабилост ќе се продолжи со борбата против корупцијата.





