Поддршка за Благој Бочварски!
Секој ден јавноста си има нова жртва за отстрел, вчера се бараше главата на министерот за транспорт зашто најавил наплаќање патарина на автопатот кон Штип.
Не било тоа што го најавил, него како го најавил, безосетно, со изјавата „кој нема пари за автопат може да се вози по регионалнио бесплатно“. Се разбира, како што обично бива во нашето мочуриште, Бочварски не го кажал тоа туку новинарот направил наслов од неколку негови реченици каде убаво образложува зашто се почнува со наплата на патарина и кои се алтернативите што луѓето ги имаат. После тоа публиката го чита само насловот, пошто нели нема време да отвори цел текст, ама има време да објави и коментира на фејсбук.
Па, така, наместо да се бавиме со транспортни политики, да споредуваме услови и цени на автопатишта, да гледаме како ова ќе се одрази врз патничките автобуси и возови, или пак врз идните слични инвестиции… Или пак наместо да се запрашаме дали овие приходи се доволни за одржување на еден автопат, влагаме во глупави морализирања за односот на министерот кон граѓаните. Небаре ко Марија Антоанета им рекол да јадат колачи ако немаат леб, па сега они ќе го осудуваат за тоа што они мислат дека кажал.
Аман луѓе, читајте ги вестите целосно, а не само насловот! И не го кривете ПР-от за вашата мрзеливост и предрасуди!
Фејсбук објава од Никола Наумоски