Ангел Ангелов, aмбасадорот на Бугарија во Скопје упатил остар вербален демарш до македонското МНР поради информации дека е запалено бугарско знаме во Вевчани, каде што завчера полицијата го растури карневалот. За демаршот, на Фејсбук, информираше буграската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов да го изрази пред Владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева.







