ЈО ќе истражува дали е кривично дело палењето на бугарското знаме во Вевчани. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на настанот“, велат од Јавно обвинителство.
Ангеловски: МВР работи на расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани. По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева
Општина Вевчани со осуда за палењето на бугарското знаме на карневалот. Според градоначалникот Сашо Јанкоски, овој чин не соодветствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.
Заев: Очекуваме 200 до 300 милиони евра од продажбата на државното земјоделско земјиште, нема да се дозволат злоупотреби. Тој нагласува дека оваа година ќе се направи сѐ за да максимално да се искористат средствата наменети за агросекторот и руралниот развој и ја подвлече приватизацијата на државно земјоделското земјиште во функција на развојот.
Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции, постигнавме рекордно најмногу инвестиции за две години, нагласи Заев. Тој нагласи дека Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ.
Граѓаните кои располагаат со готовина која не e влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок, најави Заев. Тој нагласи дека ова нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и сл. а мерката ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ.
Повеќе барања за прегледи во ковид-центарот, се подобрува состојбата на хоспитализираните. По новогодишните празници се зголемуваат барањата на граѓаните за прегледи во Ковид-центарот во тетовската клиничка болница, информира координаторот д-р Гзим Нуредини. Повеќе има и луѓе на болничко лекување од минатата недела кога имало само 13 хоспитализирани, но според надлежните, општата здравствена состојба е подобра од порано.
Негативното влијание од употребата на Интернетот и социјалните мрежи кај децата. Изопачена слика за себе, Преголема окупираност со уреди, Пријателствата се заменети со виртуални пријателства…