Тоа што им се случи на новинарите е непосакувана ситуација, тие беа на работното место и беа затечени од насилството. Јас сум целосно на страна на новинарите и како граѓанин и како политичар, одговори министерот за правда, Бојан Маричиќ, на Канал 77, зборувајќи за тоа дека судот ги отфрлил тужбите на новинарите кои беа изложени на насилниот упад во парламентот кога нивниот, заедно со животот на пратениците беше загрозен.
„Очекувам дека ова со пресудите ќе го надминеме, тоа е една одлука на Граѓански суд и очекувам новинарите кои имаат негативна одлука да иницираат жалбен процес“, потенцираше Маричиќ.