ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Ако нема консензус, не значи дека СДСМ и ДУИ ќе го фалсификуваат пописот, за испорака на вакцини во С.Македонија треба да почекаме насоки од ЕК, вели Томан

January 20, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите. Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на новинарско  прашање за Предлог-измените во законите за пасошите и личните карти, дали измените ќе важат за сите граѓани или само за оние што тоа ќе го побараат и дали етничката припадност ќе биде вметната и ќе важи за сите или само за оние што тоа ќе го побараат.

Заев-Клуге: Динамизирањето на постапката за добивање на вакцини за сите земји е израз на пријателство и солидарност. Во фокусот на разговорот, како што соопшти владината прес-служба, беа актуелната состојба во Северна Македонија со заразени од коронавирусот, како и активностите во врска со обезбедувањето на вакцини и имунизацијата на населението против вирусот КОВИД-19.

Томан: За испорака на вакцини во Северна Македонија треба да почекаме насоки од Европската комисија. Премиерот Заев, пак, истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче.

Контраспин: Ако нема консензус, не значи дека СДСМ и ДУИ ќе го фалсификуваат пописот. Според Симовски, во преодните и завршните одредби на законот постојат членови кои одредуваат прекршочна и/или кривична одговорност за лажно давање податоци, а таквите пријави е лесно да бидат покренати, бидејќи во Заводот за статистика ги имаат матичните броеви и на лицата што за други лица ќе даваат податоци.

Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. Од владината прес-служба соопштија дека, на состанокот инициран од словачка страна се разговарало за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето.

Трамп и неговите навреди. Неговите навреди не застанаа само на неговите обраќања во живо пред толпи обожаватели и поддржувачи, туку и на големо се прикажуваа и на социјалните мрежи каде секогаш ги критикуваше и исмејуваше оние кои не се согласуваа со неговата идеологија и постапки.

Регистрирани 72 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 1.023 пациенти, починати се 13 лицa. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463.

Разрешена е судијката Татјана Михајлова поради нестручно и несовесно работење. Поради тајноста на постапката, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, изјави дека е разрешена поради кршење на Судскиот деловник во врска со системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС).

Гир: За напредок на земјата неопходна е ефикасна борба против корупцијата. Ефикасна борба против корупцијата е неопходна за напредок на земјата и за подобар живот на граѓаните, напиша на Твитер евроамбасадорот Дејвид Гир по средбата со претседателката на Антикорупциската комисиј,а Билјана Ивановска.

Еволуција на безумието. Теориите на заговор или разумот, кој производ од човечката еволуцијата ќе победи?

И.Т.З.

Next Post

Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk