ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: САД доби нов претседател, целиот свет испрати честитки, Македонија со желби за продолжување на пријателството

January 20, 2021 21:11
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во својот прв говор како претседател на САД Џо Бајден на Америјканците и светот му порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување. Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

Министрите за здравство, Венко Филипче, и за образование, Мила Царовска, денеска на состанок со претставниците на Сојузот на средношколци порачаа дека наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега.

Холандската Влада најави од петок воведување на полициски час, во обид да го спречи ширењето на новиот вид на коронавирус во земјата.

Преку единството можеме да постигнеме големи и важни работи – да создадеме работни места, да ги учиме нашите деца во училиштата, да го победиме вирусот, да постигнеме расна правда и уште еднаш да ја направиме Америка водечка сила на доброто во светот. Знам дека силите што не делат се длабоки и реални, но тие не се нови, Нашата историја е постојана борба помеѓу американскиот идеал – дека сите сме создадени еднакви – и суровата реалност, расизам и екстремизам“, рече Бајден во својот прв говор.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави официјалното стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.

Владата на Република Северна Македонија на 40-тата седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21-ви јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.

Васил Гарванлиев по третпат ќе учествува на Евровизија.36-годишниот пејач и годинава беше избран од МРТ за да нè претставува на музичкиот натпревар.

Премиерот Зоран Заев им посака мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат, и упати верба дека Македонија и САД ќе ги продлабочат своите сојузништва.

Пекинг воведе санкции против 28 американски граѓани за мешање во внатрешните работи на земјата и поткопување на кинеските интереси. Меѓу нив се поранешниот државен секретар Мајк Помпео и трговскиот советник на Доналд Трамп, Питер Наваро, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Next Post

Зошто и како програмскиот совет на МРТ ја одложи денешната седница?

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk