ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Фетаи бара доживотен затвор за тројца обвинети во „Монструм“, Маричиќ го поздрави донесувањето на Законот за попис, порача граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите…

January 21, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Монструм“: Фетаи бара доживотен затвор за тројца обвинети, максимални казни за другите двајца. Станува збор, рече Фетаи. Потенцираше обвинителката, за настан кој можел да предизвика повторен конфликт и да доведе до многу невини жртви и случка која ја засилила омразата помеѓу Македонците и Албанците. Во петкратното убиство на 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски…

Маричиќ го поздрави донесувањето на Законот за попис, порача граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата, наведе Маричиќ на Фејсбук.

Николовски: После 19 години создадени се нормативни услови да се реализира попис. Според него, партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, која е неопходна за да се планира развојот на државата.

Регистрирани 356 нови случаи на Ковид 19, починати се 15 пациенти. Во последните 24 часа се направени 1906 тестирања и оздравени се вкупно 587 пациенти.
Шахпаска: Со петтиот пакет мерки ќе бидат опфатени и лицата со попреченост. Имавме пензионери кои се и граѓани со попреченост, или примаат додаток за попреченост или додаток за помош и нега. Дел од другите се приматели на социјална пензија. Дел од нив се приматели на семејна пензија, дел од барателите кои се лица со попреченост пријавено во агенцијата за вработување, истакна Шахпаска.
Заев: Имаме раст на платите во ноември, Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години.

Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020, граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра. Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале  67.272.456 фискални сметки,  вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат  околу 382 милиони  денари или околу  6,1 милион евра.

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување. Објава на Фејсбук на македонски јазик шири невистина за наводна трговија со деца. Објавата е поткрепена со фотографија – монтажа за која веќе има поведено истрага од релевантен факт чекер, при што е утврдена монтажата.
Шилегов: Скoпје се сака со работа, а Дрисла е жив доказ за тоа. Претходната власт криминално ја приватизираше, а ние, после 9 години ја вративме Дрисла во надлежност на Град Скопје. Денес, чекор по чекор ЈП ДРИСЛА СТАНА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА и тоа за една година!“, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
(ВИДЕО) Запалени три контејнери во Дебар Маало, брза интервенција на пожарникарите. Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.
И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО)“Дојдете со мене ако сакате да живеете”: Шварценегер прима вакцина

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk