Корисниците на социјалните мрежи не можат, а да не се чудат на најновото совпаѓање со облеката на потпретседателката на САД, Камала Харис за време на инаугурацијата и облеката на Лиза Симпсон од познатата серија „Симпсонови“ во една епизода од 2000 година. Во епизодата, Лиза носи пурпурна јакна и бисери, што е идентично со она што го носеше Харис за време на церемонијата во средата.
Во „Барт кон иднината“, Лиза го презема претседателството и вели: „Како што знаете, наследивме прилично буџетска криза од претседателот Трамп“.
Со тоа што Харис доаѓа како потпретседателка, веднаш по заминувањето на Доналд Трамп, лесно беа направени споредби од гледачите.
Модниот избор на Харис ги натера луѓето да се запрашаат дали „Симпсонови“ сепак предвидоа сѐ?
„Некој во „Симпсонови“ има временска машина, се колнам!“ пишува твитер корисник.
Инаку ова не е првпат „Симпсонови“ да „предвидат“ што ќе се случи во иднината.
Did the Simpsons predict Kamala Harris becoming Vice President? https://t.co/mSlJJ9OACD pic.twitter.com/JzScHnEmI8
— New York Post (@nypost) January 22, 2021
Someone in the #simpsons has a fucking time machine I swear. @KamalaHarris pic.twitter.com/vxjNVLhtZI
— Marko (@mixxlion) January 21, 2021