„Само да илустрирам за ефектите од владините економски мерки. Во Маворо и Ростуше, од јуни до денес имаме 22 000 ноќевања од над 11 000 гости. Во Берово зголемени се ноќевања за 37 отсто од 2020 година во споредба со истиот период во 2019 година. Ова се факти дека домашниот туризам имал прогрес. Можам да гарантирам дека е дадено максимално од наша страна, сите пари што ги земаме на заем се за финансирање на овие мерки. Оваа Влада ја користи кризата за трансформација на економијата.
Вредноста на пакетите е една милијарда евра, секој пакет има по стотици милиони. Некои од мерките се директно од буџетот, некои предизвикуваат буџетски импликации. Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги. Со буџетски сдства, само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 80 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46 000 вработени.
Овие мерки од петиот пакет ќе знчат рестартирање на економијата. Ние испорачавме четири пакети и треба да се види ефектот, тој е очигледен, факт е дека живееме во светска криза, поголеми економии од нас имаат поголема криза.
Собраниската Комисија за здравство попладнево на седница даде поддршка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата држава. На состанокот е заеднички поздравено интензивирањето на соработката помеѓу двете држави што се случува дури и за време на пандемијата.
Собранието вечерва ја усвои одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за која „за“ гласаа 61 пратеник, без гласови против и воздражни.
Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети.