ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

МОН: Бројките ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, над 15 000 ученици се пријавија за полагање државна матурa

January 26, 2021 14:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци од Државниот испитен центар над 15 000 матуранти се пријавиле за полагање државна матура. Ако се има предвид дека има вкупно 16 500 средношколци во четиригодишното образование, тогаш бројката на пријавени може да достигне 95 отсто, што во превод значи огромен интерес кај матурантите. Свесни дека државната матура е законска обврска и дека преставува услов за пријавување на факултет, дали дома или надвор, средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен.

Ова е уште една ситуација во која бројките ги демантираат лагите на опозицијата, кои и оваа прилика со учениците ја користат да ја исполитизираат, иако законски е забрането политичко дејствување во училиштата. Имено, партијата на Христијан Мицкоски ги користи малкутемина, незначителен број матуранти, кои наводно бојкотираат настава незадоволни од матурата, да ги критикува реформите во образованието и да и преставува на јавноста лажна слика дека учениците не сакаат да полагаат.

Токму затоа, Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје и дека полагањето државна матура е законска обврска.

„МОН има законска обврска да ја организира матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да ја полагаат. Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети – стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

Next Post

Матурантите едногласни: Сите ќе полагаме државна матура

Shortcut

Најново

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk