ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Зошто нацистичките атаци врз геј мажите никогаш не смеат да се заборават, жртва на „Јавна соба“ – Ова не е наш срам, главата горе, Модерен Холокауст…

January 27, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Денеска се регистрирани 394 нови случаи на Ковид 19, починати се 9 лицa. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.555, бројката на оздравени пациенти е 80.008, на починати е 2.821, а бројот на активни случаи изнесува 8.726.

Целата администрација да се врати на работа од 1 февруари, предлага МИОА. Владата не донесува одлука во врска со ова, но им препорачува на институциите во моментот кога за тоа ќе имаме и мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабораторија во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

 Жртва на „Јавна соба“: Ова не е наш срам, главата горе, ова е вина на тие што сакаат да наштетат и злоупотребуваат! Ана пријавила во Одделот за сајбер криминал. Ја покажала сликата, ги покажала пораките и повиците дека има со име и презиме луѓе ѝ пишувале и ѕвонеле.
Наскоро започнува проектот за поддршка на Владата на Северна Македонија во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост. Посебен акцент е ставен на поддршката на Владата на Северна Македонија во одговорот на значајните и специфични родово социо-економските предизвици што произлегуваат од мерките за време на пандемијата COVID-19, промовирање на родовата еднаквост и економското зајакнување на жените во одговор на кризата и закрепнување од последиците предизвикани од КОВИД-19.

Собранието со консензус го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Исто така пратениците со 50 гласа „за“ и 23 „воздржани“ го донесоа Дополнетиот предлог на Закон за рамномерен регионален развој. За двата закони на претходните продолженија на пленарната седница заврши расправата.

 Заев – Сахакјан: Јакне партнерството со УНДП за подобрување на глобалните и национални развојни предизвици. Беше поздравена меѓусебната соработка и отвореноста на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, како и инвестирање на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните во општините.
Модерен Холокауст – пишува Марија Миткоска….Во чест на сите жртви од Холокаустот, и за сите оние кои секојдневно во себе умираат поради тоа што се поразлични!

Зошто нацистичките атаци врз геј мажите никогаш не смеат да се заборават? Историчарите проценуваат дека бројот на геј мажи уапсени од нацистите е повеќе од 1.000.000, при што околу 15 000 се испратени во концентрационите логори. До 1935 година, геј мажите биле казнувани само за „учество во анален однос“, но новиот закон – познат како став 175а – направил нови 10 незаконски дејства, вклучувајќи бакнување, прегрнување и „хомосексуални фантазии“.

И. Т. З. 
Next Post

Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била „многу опасна“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина

August 15, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

August 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈОРСМ: По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk