„Во врска со случајот “Јавна соба” актуелен во јавноста ја упатувам следнава порака: Охрабрете се и зборувајте гласно, пријавете го секој облик на насилство, секој облик на вознемирување, вклучително и сексуалното, како во наведениот случај. Насилството не е приватна работа, тоа е проблем на целото општество”, напша таа.
Денеска Собранието го изгласа Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој ги адресира проблемите на жртвите и нуди поддршка и нивна реинтеграција.
Центрите за социјална работа со својата стручна помош и поддршка се тука за сите граѓани. Стручните тимови со советодавна помош и психо-социјална поддршка се достапни 24 часа.
Само заедно можеме да се избориме со насилството. Доста е молк, да зборуваме гласно. Не е срамно да се биде жртва, срамно е да се биде насилник. Само така ќе ги надминеме стереотипите! Насилството не смее да биде табу тема!, објави Шахпаска.