ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: МВР почна да апси, креирана нова група „Јавна соба“, 336 новорегистрирани ковид случаи и 10 починати…

January 28, 2021 18:02
in LIFESTYLE, ON THE HOUR, ZOOM IN

Денеска се регистрирани 336 нови случаи на Ковид 19, починати се 10 лицa. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.891, бројката на оздравени пациенти е 80.393, на починати е 2.831, а бројот на активни случаи изнесува 8.667.

Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор за побрза измена на законите и за подигнување на јавната свест. Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук.

Приведени четири лица кои се директни учесници во „Јавна соба“, потврди МВР. Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, додаваат од МВР.

Откако МВР почна да апси за „Јавна соба“, администраторите отвориле нова група. Претходно од МВР информираа дека се превземаат мерки и активности и кон други лица во координација со Јавното обвинителство со цел расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.
Шекеринска: Јас сум за НАТО, многу од ВМРО-ДПМНЕ беа против. Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од мене оставка. Пред да бидам избрана сте ја чекале оставката. За што да ја дадам оставката, дека влеговме во НАТО, изјави  попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собраниската седница за пратенички прашања.

Царовска: Заедно со компаниите создаваме квалификуван кадар и обезбедуваме вработување на младите. МОН ја зајакнува соработката со Стопанските комори и со компаниите и локалните самоуправи со цел преку отворање на нови профили да одговориме на потребите на реалниот сектор, но и да придонесеме за поголема вработливост на младите, рече Царовска.

Угостителите не прифаќаат средба без Битиќи, бараат присуство на состанокот со стопанските комори. Како што соопшти денеска претседателот на Независната угостителска комора (НУК), Здравко Јосифовски, претставниците на угостителите не сакаат само да се сликаат и да бидат нечиј декор, односно да присуствуваат на средба на која ќе се зборува за нешто што е веќе дефинирано.

Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм“, вели Јовески. Моето коментирање на определени докази, факти, околности во врска со конкретниот предмет може да значи влијание врз независната власт,  врз судската власт, рече Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм“ од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Ризик факторите на преголемата изложеност на порнографија кај младите. Важно е родителите и старателите да можат да иницираат отворени разговори за искуствата на нивното дете преку Интернет. Училиштата, исто така, треба да играат важна улога во помагањето на децата и младите да ја разберат нивната изложеност на порнографија преку интернет на здрави начини.

Белгија ги забранува сите протести против рестриктивните мерки. Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до немири.

 И. Т. З. 
Next Post

Заев: Имаме едни од најдобрите економски резултати во Европа во време на пандемија, се инвестира и во патиштата и енергетиката

НАЈНОВО

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
Скриншот

Талибанците ја прославуваат четиригодишнината од враќањето на власт во Авганистан

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk