Економијата се движи. И во 2020 година кога во целиот свет е пандемија, ние имаме едни од најдобрите резултати на европскиот континент“, рече премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот, одговарајќи за економската состојба во државата и за реализацијата на капиталните инвестиции во земјава.
Светот одамна ги спроведува овие концепти. Во сите развиени земји историја и географија се интегрирани тематски како научни дисциплини, постојат секако модуларно поставени, но темите коишто ги разгледуваат тоа го прават заеднички и по двете науки и дисциплини за да може од фактографско да поминеме кон учење со размислување и критичко размислување, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Благица Ласовска од ВМРО- ДПМНЕ.
Имаме и академици и професори и наставници и директори и институции кои на прочитана концепција даваат конструктивни коментари за да таа биде подобра. Знаете зошто, заради тоа што оваа држава има во себе прогресивни сили коишто ќе дадат сé за да го унапредат образованието, како основа на државата како основа на којашто ја покажува кој се залага за јавно добро, а кој се залага само за своите лични интереси“, рече Царовска.
Избришана групата „Јавна соба” на социјалната мрежа Телеграм. Претходно Владата побара од Телеграм да ја избрише групата Јавна соба, во спротивно, вели премиерот Зоран Заев, ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава.
Процесот на враќање на довербата во судството или процес на прочистување на судството дава веќе конкретни резултати. Од 2019 година од кога се донесени законите и откако стапиле во сила веќе имаме 10 разрешени судии врз основа на оценката токму на Судскиот совет кој утврдил дека постапувале нестручно и несовесно, рече попладнево министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Го нарековме „Акција 21 за европски стандарди дома“ затоа што претставува продолжување на владините реформи од секој можен аспект, пред сѐ мислиме на оние најважните: правосудството и борба против корупцијата, но секако овде е и екологијата, борбата за здрава животна средина. Развивме и сериозен енергетски план, затоа една од точките на „Акција 21“, покрај животната средина е и енергетиката. Нашата земја станува една раскрсница од позитивен аспект на интереси на инвеститори пред сѐ од западниот свет, пред сѐ мислам на Америка и Германија и земји нивни сојузници како Катар со нивниот течен гас, поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија, како и вториот интерконектор којшто има проектна документација помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Стануваме важна трансверзала во делот на енергетските инвестиции.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во емисијата “10 минути”, на ТВ21, кажа дека само во последниот квартал од минатата година, на компаниите им се исплатени 3 милијарди денари за исплата на плати на своите вработени.
Како можеше судскиот случај „Рекет“ да се заврши за неколку месеци, а предмети на СЈО отворени пред четири – пет години се уште немаат пресуда, а некои од нив дури и не започнуваат, трети застаруваат“- праша министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма и појасни дека владата како извршен орган не смее да има надлежности, ниту пак има во однос на судските постапки и судските одлуки и дека тие единствено зависат од ефикасноста и независноста на правосудството.