ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Спасовски – има и кривични и прекршочни пријави за протестот, преку лажни вести се тврди дека преку сексуалното образование ќе се промовира педофилија и „педерастија“

February 1, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Османи на средба со Симовски и Селами: Пописот е обврска и должност за сите граѓани. Пописот гарантира демократска, правична и одржлива политика која произлегува од граѓаните и наменета за граѓаните, истакна Османи, дополнувајќи дека капацитетите на целото министерство и дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат ставени во функција за спроведување на успешна пописна операција за нерезидентното население.

Париски „Ла кроа“: Северна Македонија конечно ќе ги преброи своите жители. Бидејќи секој знае дека официјалната бројка што ја прикажува македонскиот Завод за статистика од 2,07 милиони жители е тотално виртуелна, земјата доживеа толку многу пресврти во текот на изминатите две децении, вклучително и силната емиграција која се брои во стотици илјади, започнува статијата на „Ла кроа“.

Денеска се регистрирани 61 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.

Спасовски: Нема настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање. За протестот од петокот, рече, има и кривични и прекршочни пријави, а најави дека јавноста ќе биде информирана деновиве.

Преку лажни вести, Жугиќ и Тасевски тврдат дека ќе има сексуално образование од II одделение и ќе се промовира педофилија и „педерастија“. „Розата од Финска демантира дека во нивниот учебник ќе се промовира педофилија и педерастија. Топ, пишува Тасевски.

Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации. Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе коишто во континуитет во нашата држава шират лажни вести. Токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Владата и на Министерството, и да донесуваат одлуки. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во источниот регион ќе се населат 120 000 мигранти, се сеќавате како пропадна таа лажна вест, па после тоа имаше нешто со 5Џи врапчињата итн, рече Царовска.

Зибери: Функцијата Народен правобранител не е само декор во системот, туку бедем на заштита на слободите и правата.  Јас во ниту еден момент нема да подклекнам на влијание, било од политички, бизнис, економски или секакви центри. Напротив, ќе се обидам докрај во рамките на надлежностите што ми ги дава уставот и законот да останам достоинствен во одбрана и заштита на правата на граѓаните гарантирани со устав и закон, изјави Зибери.

Спасовски – Сугарески: Меѓуинституционалната соработка ќе продолжи и понатаму. Нашите институции, кои се позиционирани ‘рамо до рамо’ во своите надлежности и законски обврски во борбата против корупцијата и организираниот криминал, мора интензивно да продолжат со активностите, а резултатите на таа борба ќе бидат резултати на нашата држава во целост, истакнал на средбата министерот Спасовски.

ОЈО Скопје поведе постапка за кривично дело „Уцена”.

И Баер ќе произведува вакцина против Ковид-19. Директорот на КјурВак, Франц-Вернер Хас изјави дека неговата компанија, преку мрежа на производители обезбеди производство на околу 300 милиони дози до крајот на годината. Додека во Баер ќе бидат произведени околу 160 милиони.

Во светот до денеска од коронавирус починале 2.227.605 лица. Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани.

Европол предупреди на лажни потврди за тестирање за Ковид-19.

Европол денеска соопшти дека членките на ЕУ неодамна пријавиле случаи, меѓу кои и група фалсификатори кои продавале лажни потврди со негативен тест за коронавирусот на парискиот аеродром Шарл де Гол, како и апсење на измамници во Шпанија, кои исто така продавале лажни резултати.

И. Т. З.

Next Post

Дали сексуално образование ќе се учело од второ, дали на часови ќе имало секс? Ама дали се слушате другари?

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk