Јавноста е сведок на оркестриран напад врз министерот за правда, Бојан Маричиќ, во време кога тој ги промовира и се обидува да ги спроведе реформите во судството. Очекувано е ваквите лажни напади да продолжат затоа што ќе се зголемува и интензитетот на реформите, што ќе значи ставање ред и дисциплина низ судовите и обвинителствата, а тоа им пречи на тие што имаат врски со ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава за семејно насилство.
Петитот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од Ковид-19 ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра, потврди Битиќи.
Директорот на „Театар Комедија“, Сашо Ристовски, е разрешен од функцијата поради неправилности во работењето, на негово место е поставена Нора Шаќири- Марковиќ.
Според обвинителството се побива теоријата дека трети страни незаконски прислушувале во случајот „Таргет- Тврдина”.
Македонскиот премиер Зоран Заев најави легализација и декриминализација на употребата на марихуана, како можност за поттик на стопанството и туризмот.
Директорот на ЦУК Сојанче Ангелов, оствари продуктивна и позитивна средба со првиот човек – Претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи. Нивната порака е дека скандирањето „УЧК-УЧК“и „Голема Албанија“ ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза.
Претставничка на здружението „Од нас за нас“ кое шири лажни вести, креира паника и го демонизира сеопфатното сексуално образование е Гордана Гоџо, пишува активистката Ирена Цветковиќ на Фејсбук.












































































































