ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Лажните вести за Маричиќ нема да ги спасат корумпираните партиско-судски врски

February 2, 2021 12:31
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавноста е сведок на оркестриран напад врз министерот за правда, Бојан Маричиќ, во време кога тој ги промовира и се обидува да ги спроведе реформите во судството. Очигледно во недостаток на вистинска аргументација на опозицијата, но и на вработени во судството и обвинителството кои се противници на реформите, се појавуваат лажни вести кои го оцрнуваат лично министерот и неговото семејство. Поттикнати од корумпирани структури во правосудството, опозиционерите ги имаат ставено во погон партиските портали да пласираат лаги против Маричиќ со цел да ги загрозат судските реформи. Поинаку не може да се сфатат лажните вести, ако се цени според тајмингот, но и според оцрнувачката содржина.

Очекувано е ваквите лажни напади да продолжат затоа што ќе се зголемува и интензитетот на реформите, што ќе значи ставање ред и дисциплина низ судовите и  обвинителствата., нешто за кое стана јасно дека им пречи на одредени поединци, кои и понатаму имаат функција, но и релации со ВМРО ДПМНЕ, кои пак имаат свои медиуми за да може лагите да досегнат што пошироко. Канонадата започна кога „Република“ објави фотографија на таткото на министерот, инаку јавен обвинител во пензија, како е сликан покрај статуа од Хитлер, но не е фотографиран со гордост, како што дезинформира вмровскиот портал, туку напротив, во постот на фотографијата опоменува дека фашизмот не смее да ни се повтори. Но, слепилото на партиските медиуми ги спречила да прогледаат коректно и професионално, па си дале за право тие да наметнат толкување на фотографијата што е сосема погрешно.

Не помалку партизираниот, и исто така вброен во листата на медиуми финансирани со унгарски црни пари, порталот „Нетпрес“ се надоврза на лагите, па пласираше приказна дека таткото на министерот, обвинителот Момир Маричиќ, за да им заврши некаква работа на адвокати им побарал да му купат тепих. И на крајот, за целосно да заглават во сопствените лажни конструкции измислија дека министерот Маричиќ  тргнал некои записници од сајтот на Министерството за правда кои се однесувале на Управниот суд, иако тие документи и понатаму се јавно достапни.

Значи, соочени со страв од реформите, со решителноста да се стави ред во правосудството и со можноста дека нивните кадри, кои ги избираа и ги унапредуваа според партиска заслуга и според тефтерче, а кои денес и понатаму им го штитат криминалот, може да останат без работа, а со тоа и тие да ги загубат позициите, одредени политичко – судски структури тргнаа решително да се спротивстават на реформите преку дискредитација на министерот. Нивните обиди се дезинформациите да ги наметнат како клучни во известувањето на јавноста, за да се минимизира продорот на реформите.

Но, ваквата провидна и штетна кампања нема да им донесе позитивен резултат, оти ако министерот се чувствува спремен за подвигот и ако има чисто досие, тогаш ништо не би требало да го премисли во намерата да се расчисти со криминално- коруптивните струји. Напротив, со ваквите обиди преку лажни вести да му се нападне реформата и филтрацијата на правосудството, може само да му се даде дополнителна храброст и одлучност, па можеби тоа ќе стави крај на немилосрдните, нечесните и партиско заслужните судии и обвинители. Координираните лажни вести може да се сметаат како своевидна потврда дека потезите на Владата во врска со судството ги погодуваат силно оние кои се соочени со пресуди за криминал и корупција, па во лажните вести гледаат некаков спас. Ако лажните вести против судските реформи добиваат на доминација, значи дека  функционерите на ВМРО ДПМНЕ се поблиску до затвор, дека нивните партиски кадри во судството се подалеку од работното место, а дека реформите ја постигнуваат целта.

Впрочем, реформите во судството и неговата филтрација се наменети токму за таквите, за оние кои се спремни да ги лажат граѓаните само за да не успее проектот, за оние кои никогаш не би ги раскинале коруптивните врски, би ја ставиле партијата пред законот, а парите пред моралот. Сега ним најмалку им требаат реформи, најмалку им треба проверка на имоти и на предмети. Затоа им требаат лажни вести.

А, таквите вести и требаат и на опозицијата, затоа што таа е главен покровител на лажната пропаганда, од една страна има свои платеници во правосудството, од друга контролира медиуми. Ако и потсетиме како се однесуваше ВМРО ДПМНЕ кон Законот за јавно обвинителство и кон предметите на СЈО, тогаш јасно е кој вмешал прсти во уредувањето на лажните вести.

Д. Е.

Next Post

Битиќи: Петтиот пакет мерки како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk