Министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на Владата и од Министерството за здравство, одржаа онлајн состанок со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, и експертски тим на Светската банка.
На состанокот се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“,
„Човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област”, напиша Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Фејсбук.
„На состанокот со колегите министри, директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи и експертски тим на Светската банка дискутиравме за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот”, стои во статусот на Министерката.








































































































