ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Изјавите за историја од бугарски полтичари не ја подобруваат атмосферата за преговарање

February 2, 2021 20:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ставот на македонското државно раководство е да се разговара за враќање на довербата, која беше нарушена во изминатата година, и за страничните прашања кои се второстепени во овој момент, а тоа се инфраструктура, енергетско поврзување, соработка во образование, медиуми итн., рече претседателот Стево Пендаровски во однос на спорот наметнат од Бугарија.

-На тој наш акциски план, за тие елементи, каде што немаше буквално ништо – име, презиме, идентитет итн, бугарската страна одговори по сите точки, во однос на пруга, Коридор 8 итн, но ги стави старите барања. Мојот став е дека ние треба до изборите во Бугарија да останеме со тековен ангажман само во овој сет на прашања,  рече Пендаровски во емисијата „Отворено“ на ТВ24.

Тоа не значи, рече, дека чекаме друга власт по  изборите во април во Бугарија, но да се почека два-три месеци да слегнат тензиите и потоа, како што рече, со студени глави да седнеме и да видиме што може да направиме во тој контекст.

Според шефот на државата, еден од пристапите од наша страна, за кој засега нема позитивен сигнал од другата страна, е ако сакаат да зборуваат за пред 1944 година, тоа да им се остави на историчарите, а ние да се посветиме на сегашноста. Затоа што историчарите се квалификувани за тоа, а на политичарите не им личи, како што рече, „да влегуваат во тоа кои сме биле и што сме биле“.

-Ние знаеме кои сме и не ни личи да разговараме за овие прашања. Може за друго да разговараме, за Коридорот 8, за образовни проекти итн., но не смееме да разговараме за историјата, бидејќи ние сме политичари, не сме историчари, истакна Пендаровски, според кого бугарски политичари почесто даваат историски изјави од нивните историчари во комисијата што не ја прави подобра атмосфертата за преговарање.

Во однос на понудата на шефот на дипломатијата на Грција, Дендијас, да биде медијатор во преговорите со Бугарија, претседателот рече дека во таква медијација Бугарите ќе имаат повеќе проблем од нас, посочувајќи дека грчки полтичари, како претходниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, се прилично критични кон бугарските позиции спрема нас. Според него, за да биде некој прифатен за медијатор, мора двете страни да бидат сигурни во неговата независност.

-Мислам дека во еден типичен балкански спор, како што е овој наметнат од Софија, се сомневам дека трета балканска држава може да биде перципирана како независен медијатор, рече Пендаровски, според кого најдобрите медијатори во балканските работи се моќните и подалечни држави.

Лично како претседател, рече, не би имал проблем со грчка медијација, за која не е дојдено официјално барање, освен ако за медијатор би го предложиле Андонис Самарас.

Во однос на ЕУ-перспективата за нашата земја, шефот на државата смета дека „мотори на Европа“ по Брегзит се Германија, Франција, потоа Холандија, како и Полска од поновите членки, кои ова прашање би требало да го стават на маса. Не би било лошо, рече Пендаровски, за прашањето меѓу Скопје и Софија да има присуство на некои од Европејците затоа што „кога двајца балканци ќе ставите на маса многу тешко можат самите да дојдат до решение без надворешна помош“, а тоа, како што рече, го покажа спорот со Грција за која помогна американската дипломатија и медијатпрот Метју Нимиц.

Шефот на државата смета  дека е добро што нашата земја со цел Западен Балкан е на листата на заеднички интерес за САД и Германија.

-Добро е да се биде под нивното будно око. Немам илузија, страв ниту резерва дека Германија и Америка може да ни наметнат недемократско решение, истакна Пендаровски во интервјуто за Телевизија 24. /МИА/

Next Post

Омбудсмант ќе добие поинаков лик, најави новиот народен правобранител, Насер Зибери

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk