Говор на омраза вулгарни навреди и повикување на насилство на Твитер, кон новинарката и дописничка на МИА од Брисел, Тања Милевска.
И после објавувањето на случајот „Јавна соба“ и приведувањето на четири лица од страна на МВР, на социјалните мрежи не престануваат навредите и заканите кон борките за човекови права и правата на жените.
Денеска со транстапаренти „Жртвата никогаш не е виновна“, „Ако не ги казнувате силувачите, вие сте силувачот“, „До кога ќе ме ме уценуваш ако кажам НЕ?“ се одржа маршот под мото „Јавна соба е кривично дело“ во организација на Платформа за родова еднаквост.
На протестот од Јавното обвинителство поддржувачите бараат неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.
Ј. Ѓорѓиоски