Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски во име на Владата денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 149 години од неговото раѓање.
Образованието не се базира на историја и оваа концепција нема никаква врска со надворешните политички прашања на нашата држава. Има единствено врска со внатрешни постигнувања на нашите деца коишто понатаму треба да бидат продуктивни граѓани да ја водат државата, рече Министерката Царовска после реакциите во јавноста за укинувањето на предметот историја поради Бугарија.
Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека резултатите од пописот ќе бидат од суштинско значење да се добијат пред локалите избори, за да можат идните градоначалници да креираат релевантни и издржани програми и проекти.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов е во работна посета на Албанија по повод спроведувањето на обука за НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи. Станува збор за настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).
Хелсиншки комитет апелира дека итно и неодложно е преземање мерки за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица во сите казнено поправни установи.
Четиринаесет демонстранти од последниот протест за случајот „Монструм“ ќе добијат кривични пријави, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Мораме сите да правиме сè да ја менуваме перцепцијата за корупцијата, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во однос на Индексот за перцепција на корупцијата. Тој нагласи дека уште повеќе треба да се работи на јакнењето на јавната свест на луѓето за да пријавуваат корупција, и тие да се помогне на органите на прогонот.
Триста и шест работодавачи коишто примиле финансиска поддршка не исплатиле плата за декември на 992 вработени, истакна директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска.
Гордана Гоџо ја манипулира јавноста и шири лажни вести на Фејсбук, филмот „Songbird“ не е направен пред пандемијата со Ковид-19.