ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Бајден ќе работи на унапредување на човековите права на припадниците на ЛГБТИ заедницата низ целиот свет

February 5, 2021 16:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера, претседателот Бајден потпиша претседателски меморандум со кој се упатуваат сите американски владини оддели и агенции ангажирани во странство да осигураат дека американската дипломатија и странска помош ги промовираат и штитат човековите права на лезбејките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите, квир и интерсексуалните лица низ светот, соопштуваат од Американската Влада.

Борбата да се стави крај на насилството, дискриминацијата, криминализацијата и стигмата против ЛГБТИ+ лицата е глобален предизвик што останува клучен во новата американска заложба за унапредување на човековите права и основните слободи за сите лица. Во администрацијата на Бајден-Харис, Соединетите Држави ќе спроведат политика за ставање крај на насилството и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет или карактеристиките на полот. Вчерашната акција на  Бајден ја покажува цврстата посветеност на американската влада за унапредување на оваа цел.

Согласно меморандумот на  Бајден, Стејт департментот во координација со релевантните федерални агенции ќе користи широк спектар на дипломатски и програмски алатки и ресурси за заштита на ранливите ЛГБТИ лица, бегалците и барателите на азил, ќе помогне во борба против криминализацијата на поединците врз основа на статусот или однесувањето на ЛГБТИ лицата, и ќе се осигураат дека нивната дипломатија и странска помош ги промовираат и штитат човековите права на ЛГБТИ+ лицата и унапредуваат недискриминација. Се дозволува и брза реакција на САД против кршењето на човековите права и злоупотребите на ЛГБТИ + лица.

Работејќи со Конгресот, Стејт Департментот ги презема неопходните чекори за да обезбеди 10 милиони долари, средства за Глобалниот фонд за еднаквост (ГЕФ). ГЕФ им обезбедува итна помош на бранителите на човековите права и програмската поддршка на човековите права на основните ЛГБТИ+ организации за да ги катализираат позитивните промени,  и ја црпи својата сила од поддршката и партнерството на меѓународната коалиција на истомисленици влади, бизниси и фондации.

Под раководство на Бајден, Соединетите држави ќе соработуваат со истомисленици на владите и ќе го зајакнат застапувањето на граѓанското општество за целосна поддршка и унапредување на човековите права на ЛГБТИ+лицата.

 

подготвила: Марија Миткоска

 

Next Post

Академик Ѓоргиев: Новата концепција нуди изучување на историја врз основа на критичко размислување без ширење стереотипи и предрасуди

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk