Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, истакна дека пописот има значење за сè што се случува во државата, вклучително и за одбраната.
„Сите методологии врз база на кои Министерството за одбрана треба да префрли пари на општините за да ги финансираат своите противпожарни единици зависат од својата територија и од населението. Вие кога обезбедувате противпожарна екипа треба да знаете колкаво население опфаќа, а ова е само мал дел од прашањето. Ние, како во магла да треба да ги водиме политиките во државата без попис”, изјави Шекеринска.
Таа упати критики на сметка на опозицијата која веќе со месеци го опструира спроведувањето на пописот: „Ако тргнеме да ја анализираме опозицијата, треба да ги крситме вмро подоцна. Кога тргнавме на избори, беше вмро подоцна и беа подоцна по нивно барање, избори во Штип, ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше ист – подоцна. Кога сакаме да донесеме закон важен за целата држава, ставот е подоцна и така купувајќи време за два три месеци оваа држава 20 години нема попис.“