„Во целиот овој процес со вакцините довербата на граѓаните ќе влијае на процентот на вакцинирани. Ако ги уверите дека сте донеле вистински одлуки во вистинско време, дека сте внимавале и сте посветиле време, толку поголема ќе биде довербата кај граѓанител, а поголем бројот на вакцинираните. Од август се отвори дилемата колку брзо ќе се произведуваат вакцините. Ние летото не можевме да почнеме да преговараме со некој производител, сите беа во некаква почетна фаза. И затоа Владата не можеше да влезе во договор со никого. Сега сме во ситуација да обезбедиме вакцини од три производители, знаеме дека има граѓани кои нема да се вакцинираат, но ние ќе имаме вакцини доволно.“- истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Во Собранието наскоро се очекува да се формира работна група чија цел ќе бидат измени и дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом. Претседателот на Собранието Талат Џафери, истакна дека тој деновиве ги завршил комуникациите со сите пратеници и пратенички групи и оти добил предлози од сите пратенички групи за учество во работната група за продолжување на процесот Жан Моне.
Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември.Од оние што не исплатиле плата на вработените, а добиле помош, во декември, 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 596 и има околу 510 празни болнички кревети во ковид центрите.