Димитар Апасив како советник на СЈО во 2016 година за 6 месеци земал хонорари во висина од 330.000 денари, според алатката „Отворени Финансии“.
И тука ќе немаше ништо спорно затоа што нели претпоставуваме дека Апасиев си ги заработил земените 330.000 денари за 6 месеци. Но, двојните аршини на Апасиев се гледаат во оваа негова објава:
Ѓубриња профитерски!, вели Апасиев, а истиот тој „бранител на народот“ и самиот зел 330.000 денари народни пари за 6 месеци ангажман како советник на СЈО.
Долгогодишниот соборец Дејан Дексо Лутовски за Димитар Апасиев – Defensor Plebei (бранител на народот), на неговиот Фејсбук статус ќе пише:
2016 година имавме пракса на собирање членарини и донации од симпатизери. Така тогашната Левица опстојуваше.
Сме имале расправии околу важноста на членарините и концептот на независно финансирање (независно од центри на моќ) и колку е тоа важно за градењето на една социјалистичка партија.
Тогаш лицето Димитар Апасиев кукаше дека нема пари да плаќа членарина, иако неговиот приход беше еден од најголемите од тогашните членови на Централниот Комитет. Се жалеше дека имал трошоци, во ситуација кога најголем дел од нас работеа за минимална плата или просечна во најдобар случај, а дел беа невработени/студенти и хонорарци без стабилни примања. Безобразие до даска.
Покрај платата на Универзитетот (која за наши услови не е мала) тој си кркаше и хонорарче од СЈО, кое сега му е толку омразено. Толку од митот за „Робеспјер Неподмитливиот“
Јане Ѓорѓиоски