ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Тесла“ и Илон Маск ја „лансираа“ вредноста на криптовалутите Биткоин и Доџкоин

February 9, 2021 18:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ

Најновиот бран на промени кај криптовалутите се издвојува по својата големина – за првпат, вредноста на сите криптовалути порасна на над 1 билион американски долари во текот на минатиот месец, а сè поголем е и бројот на луѓе кои ги користат виртуелните валути за практични цели, но и бројот на главните играчи кои се вклучуваат на пазарот на криптовалути, информира Мета.мк.

Компанијата „Тесла“ објави дека купила Биткоин во вредост од 1,5 милијарди долари, што претставува најголема инвестиција на една корпорација во оваа криптовалута и најави дека ќе почне да прифаќа плаќања со Биткоин. Како објаснување за овој чекор, од „Тесла“ соопштија дека сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

По оваа вест, вредноста на најмоќната криптовалута во светот почна забрзано да расте, повторно соборувајќи го досегашниот рекорд, па во еден момент еден Биткоин вредеше над 48 илјади долари.

Освен Биткоин, помеѓу најактуелните криптовалути изминативе неколку недели е и Доџкоин (Dogecoin), дигитална валута со слика на куче од расата „Шиба Ину“, преземена од популарното меме кое беше актуелно во текот на изминатата деценија.  Доџкоин била создадена во 2013 година како експеримент кој им овозможува на луѓето да ја испробаат технологијата на криптовалутите. Нејзината приказна се менува изминативе неколку месеци, а откако извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, неколкупати ја спомна Доџкоин, нејзината вредност започна да расте со што во еден момент вкупната пазарна  вредност надмина 10 милијарди долари, па сега е помеѓу десетте највредни криптовалути во светот.

Илон Маск на Твитер прво се шегуваше со Доџкоин,  за потоа да почне да дава посериозни аргументи зошто треба да се инвестира во неа, нарекувајќи ја „криптовалута на луѓето“.

И други познати личности му се придружија на Маск во промовирањето и шегувањето со Доџкоин. Раперот Снуп Дог одговори на твитот на Маск со изменета слика од себеси, нарекувајќи се „Снуп Доџ“.

И додека едни се занимаваат со најновата шега на Интернет, други ги користат криптовалутите за посериозни цели. Тргувањето со акции и криптовалути за време на пандемијата стана поедноставно и подостапно. Во текот на изминатава година, „Пејпал“ (Paypal) им се придружи на другите апликации кои им овозможуваат на своите корисници да купуваат, чуваат и продаваат криптовалути, додека некои од најголемите хеџ фондови во светот исто така започнале со вложување пари на овој пазар.

Етериум, втората криптовалута со највисока вредност по Биткоин, пак, создаде апликации што овозможуваат нови видови на финансиски трансакции. Една од апликациите им овозможува на корисниците да изнајмуваат и позајмуваат криптовалути со плаќање на камати директно помеѓу корисниците, без вклучена финансиска компанија.

Најновите случувања со криптовалутите следуваат по неодамнешното лудило околу акциите на компанијата за видео игри „Гејмстоп“ поттикнати од членови во група на мрежата Реддит.

Криптовалутите за првпат се појавија во 2009 година, кога извесен Сатоши Накамото, чиј вистински идентитет никогаш не беше откриен, ги објави правилата и начинот на функционирање на Биткоин. Со тек на времето, сè повеќе инвеститори стануваа позаинтересирани за Биткоин, бидејќи криптовалутата не е контролирана од ниту една влада или компанија.

Освен Илон Маск, меѓу поборниците за Биткоин во моментов е и Џек Дорси, извршниот директор на „Твитер“ (Twitter) и „Сквер“ (Square). „Сквер“ кон крајот на минатата година инвестирал 50 милиони долари во Биткоин, додека Дорси честопати објавува твитови за квалитетите на криптовалутите, а во описот на неговиот профил на Твитер стои хаштагот #bitcoin.

Next Post

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози

НАЈНОВО

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 18, 2025
Фото: МО

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, најави Сиљановска Давкова

August 18, 2025

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk