ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милошоски бил осуден во Германија, постојат и документи

Дали ќе поднесе оставка?

February 9, 2021 21:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

И покрај негирањата, документите кои ги поседува „А1он“ покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осуден за сторени кривични дела во Германија. Документите се напишани на германски јазик, и покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како „добивање придобивки“.

Документите содржат и број под кој се водел предметот, како и датум на пресуда. Дека му е судено на Антонијо Милошоски покажува првиот дел од документот, каде се внесени негови податоци – име и презиме, датум и место на раѓање, како и адреса на престој во Германија. Во нашиот систем, делото е заведено.

„Опис на прекршокот: Добивање придобивки. Применета регулатива: STGB 265A ABS. 1 (добивање придобивки со измама) в.в. 248 А. (кражба и злоупотреба од мала вредност). 20 дневни глоби со парична казна од 20,00 евра“, стои во описот на документот напишан на германски јазик.

Милошоски за „А1он“ негираше дека сторил кривични дела и дека бил осудуван во Германија, а потврди дека во периодот, во кој според документите сторил кривично дело, престојувал таму. Тој посочи дека точниот одговор за тоа дали му било судено може да го даде Амбасадата на Германија или германското МНР.

Според документите до кои дојде „А1он“, Антонијо Милошоски е осуден во ноември 2004 и ноември 2005 година. За двете дела требало да плати парични казни. Девет месеци потоа, односно август 2006 година, тој беше назначен за министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска од СДСМ го повика Милошоски, доколку е навистина осуден во Германија, да поднесе оставка од пратеничката функција.

„Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали?

Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка.

Особено што граѓаните знаат дека за Милошоски веќе има предмет, обвинение пред македонските судови.

Правда мора да има за секој што се огрешил пред законот. Кога станува збор за политичари, одговорност прво треба да понесат пред граѓаните а потоа пред институциите“, изјави на денешната прес коференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Next Post

Теренска вакцинација против Ковид-19 за жителите во руралните средини и домовите за стари лица

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk