Во есенската акција за зазеленување на Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ подигнаа нов дрворед составен од 10 висококвалитетни садници на булевар „Илинден“ кај фонтаната Лотосов цвет на влезот во Градски парк.
Во тек е есенската акција за садење, при што се садат нови дрвја на повеќе локации низ Скопје.