Центарот за јавно здравје Охрид од вчера повторно врши тестирања за присуство на Ковид-19. Станува збор за услога што можат да ја користат граѓаните за евентуална своја потреба, односно тестирањето е на нивен товар.
Земањето брисеви се спроведува во ковид-пунктот што се наоѓа во Центарот, во периодот од 7:30 до 9:30 часот, сите денови освен недела. Анализата на примероците се спроведува во Институтот за јавно здравје во Скопје, а резултатите тестираните ќе ги добиваат по пат на електронска пошта истиот ден попладнето.
Цената на услугата изнесува 2.550 денари.