Филипче: Ниту еден премиер досега не дал поддршка на здравството како што даде Заев. Ниту еден премиер досега во државата не дал таква поддршка и инвестиција во здравството како што даде Зоран Заев. Зголемување на платите какви што имаат сега лекарите и вакви инвестиции ова да може ние се да направиме немало буквално никогаш во историјата на нашата земја – рече Филипче.
Регистрирани се 367 нови случаи на Ковид-19, починати се пет лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.
Заев за „Учи паметно, работи стручно“: Повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат пракса за средношколците од стручните училишта. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот Заев на дебатата.
Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура. Зајкова истакна дека ова е пример за компромисно решавање на општествените проблеми, во Собранието се слушнал гласот на средношколците, а низ дебатата се наметнало оптимално решение за кое се надева дека ќе биде прифатливо за учениците, за Сојузот на средношколците, за МОН и за Владата.
Битиќи: Владата со директни средства ги поддржува домашните и странските компании. Само лани имаше рекордни 654 милиона евра во директна поддршка на компаниите, од кои 25,6 милиона евра за странските компании кои работат во технолошко-развојните зони, изјави заменик претседателот на владата за економски прашања Фатмир Битиќи.
Која е Беса Адеми – новата претседателка на Врховен, која беше на чело на Советот на жалби што го разреши Вангеловски. Ова не е првпат Адеми да конкурира за позицијата. Таа беше кандидатка и кога во 2017 Судскиот совет за претседател на Врховен го избра Јово Вангеловски.
Бектеши: И финансиската поддршка за исплата на платите, но и бескаматни кредити ќе бидат составен дел од петтиот сет економски мерки. Тој посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот сет економски мерки и во текот на наредните денови, како што рече, ќе бидат презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.
Битиќи: За 1,5 година ќе има автопат Прилеп-Битола. Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.
Заев не гледа ништо спорно во личната карта да се впише етничка припадност. Предлогот е во собраниска процедура, а партиите на Албанците најавија дека ќе го поддржат. Предлагачите на законот за изменување и дополнување на законот за лична карта по скратена постапка се група пратеници од Беса.