Филипче: Не e прецизиран точен датум кога ќе пристигнат кинеските вакцини, во постојана комуникација сме со Синофарм. Додава дека поради поради нивниот празник, работата околу вакцините се одвива поспоро.
Шахпаска: Неработната недела ќе ги врати семејните вредности, маркетите нема да трпат загуби. Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска во интервјуто за „Макфакс“.
Захариева: ГЕРБ не ја отстапила темата Северна Македонија на ВМРО-БНД за предизборни цели. Секој договор мора да се спроведува со добра волја, да не спомнувам договор меѓу државите и да не се бараат причини за неисполнување – избори, КОВИД-19 итн. Ако барате начини и изговори, ќе ги најдете. Усогласеноста со договорите е апсолутно обврзувачки принцип во меѓународното право, вели Захариева.
Осомничен 60-годишник за задоволување полови страсти пред три деца. Казната која е предвидена за ова дело е над 4 години затвор.
Студено време и попладнево, во текот на ноќта интензивирање на врнежните од снег. Утре времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Шилегов: Зимската служба на Град Скопје вршеше превентивни интервенции. Врнежи од снег имаше преку денот, кои според најавите од УХМР ќе продолжат со поголем интензитет во текот на ноќта.
Марио Драги положи заклетва како шеф на италијанската влада на единство. Претходната Влада на Џузепе Конте се распадна по разидувањето со коалицискиот партнер околу користењето средства од Европската унија за закрепнување од кризата со коронавирусот.