Во Северна Македонија денеска пристигна првата пратка на вакцини против КОВИД-19 од Република Србија. Станува збор за 4.680 од вкупно 8.000 вакцини од компанијата Фајзер.
На примопредавањето учествуваше делегација од Србија предводена од претседателот на државата Александар Вучиќ и делегација од земјава предводена од премиерот Зоран Заев.
„Како израз на драгоцен чин на солидарност, соседна Србија споделува 4.680, од вкупно 8.000 вакцини. Ова е израз за пријателска помош додека да стиигнат вакцините што ние ги нарачавме. Ништо не е завршено, кризата трае, останува да бидеме внимателни, но оваа планетарна криза го извади човечкото од нас. Да ги негуваме за секогаш и за идните предизвици.
Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19. Благодарам што го помагате нашето јавно здравје, рече премиерот Заев.






