ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Славко Јаневски е на листите од Град Скопје за промена на имињата на улици и објекти, ќе се враќаат и старите имиња

February 17, 2021 16:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје објави нова листа со имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, за кои треба да расправа Советот на Град Скопје. На новата листа кој е дополна на веќе изгласаната листа од 2012 година, има додадено истакнати имиња на личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

„Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.“, соопштуваат од Град Скопје

Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата Славко Јаневски реагираше дека го нема името на писателот Славко Јаневски на листата.

„Нема улица за Славко Јаневски? Нема! Нема место меѓу 570 нови имиња на улици за Славко Јаневски? Нема! Добро, ај да си праиме муабет за идентитетот, јазикот, Бугарите итн.“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил.

Од Град Скопје во изјава за ФРОНТЛАЈН појаснуваат дека новата листа е дополнување на претходно изгласаната Листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје. Тие додаваат дека Листата треба да биде изгласана од Совет на Град Скопје и врз основа на таа листа потоа се пристапува кон процедура за менување на конкретни улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје, согласно потребите.

Снимка од екран од Листата за именување на улици од 2012 година

Оттаму велат дека затоа на новата листа покрај името на писателот Славко Јаневски ги нема и Гане Тодоровски, Владо Малевски, Григор Прличев, Живко Чинго, Исмаил Кадаре, Неџати Зекерија, Петре Андреевски, Стојан Христов и многу други.

Од реакциите на јавноста се издвојува и името на Јашари Мухамед Али. „Мухамед Али загина бранејќи го неговиот другар Македонец, при тепачка во нивното училиште. Неговиот подвиг е долг за општеството и редок чин на човечка храброст“, се наведува во описот од листата

Ќерката на починатиот актер и доајен на македонската глума Ѓорѓи Колозов, Катерина Колозова, изрази благодарност. „Благодарност до Советот на Град Скопје, конечно прво обележје речиси 18 години по прераната смрт на 55 годишна возраст на Ѓорѓи Колозов во 2003“, објави Колозова на Фејсбук. И активистот и новинар Џабир Дерала истакна дека Колозов е еден од нашите најголеми културни дејци. „Пораснавме и научивме многу со Македонските народни приказни на Ѓорѓи и Шенка Колозови“, напиша Дерала.

Со ова дополнување на листата, како што велат од Град Скопје, предвидено е да се зголеми и бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.

Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на својот Фејсбук профил објави пет улици на кои се враќаат старите имиња:  „Јордан Мијалков“, повторно ќе се вика „Железничка“, „Ленинова“, наместо „Аминта Трети“. „Филип Втори“, „Борис Сарафов“ и „Петре Пирузе“, кои сега ќе се викаат повторно „Стив Наумов“, „4 Јули“ и „Мексичка“.

Град Скопје спроведе и on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Во листата се вклучени имињата на народни херои и други носители на позначајни државни одликувања, познати личности и настани од светската историја, имињата на скопските градоначалници, ректори на скопскиот универзитет, академици, државници, стопанственици, научници, спортисти, уметници и др.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството

НАЈНОВО

ДИК: Досега 5.729 граѓани го провериле Избирачкиот список

September 10, 2025

Три лица, меѓу нив и малолетник, пријавени за пожарот во кумановската населба „Бавчи“

September 10, 2025

Алиу: Се формира Здравствениот совет, здравствените политики ќе добијат стручна и научна поддршка

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk