ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: До крајот на март ќе имаме 1.800.000 дози на вакцини, вели Филипче, засега 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација, сите вакцини се безбедни

February 18, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против КОВИД-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го повика претседателот на партијата да се појави на 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. го повикаа да објасни дали навистина обезбедил парламентарно мнозинство. Тие, исто така, му порачаа на Мицкоски дека партијата има обврска да ги врати загубените 150.000 гласови што „испариле“.

Канадскиот епидемиолог од Центарот за контрола на болести во Британска Колумбија Данута Сковронски, и епидемиолог на Националниот институт во Квебек Гасон де Серес, апелираа на светските влади да направат поголемо растојание меѓу давањето на две дози на вакцината на Фајзер, бидејќи тврдат дека утврдиле дека по давање на една доза ефикасноста е 92,6 проценти.

Вкупно 31 партија и 8 коалиции, доставија документи за учество на парламентарните избори во Бугарија. ГЕРБ склучи предизборен сојуз со најстарата антикомунистичка партија, Унијата на демократски сили (УДФ), основана по соборувањето на диктаторот Тодор Живков кон крајот на 1989 година.

Новите лабораториски студии покажуваат дека вакцините на Фајзер/Бионтех и на Модерна штитат од нови мутации на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен. Резултатите од студијата објавена во New England Journal of Medicine откриваат дека вакцината на Фајзер за коронавирусот може да ги заштити луѓето од новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ја и јужноафриканската B.1.351.

Успешно започна имунизацијата во С. Македонија, вакцинираните здравствени работници се чувствуваат добро, рано е за опуштање.

„Етнички“ лични карти, чекор поблиску или подалеку од граѓанскиот концепт на државата? – анализа, Цивил Медиа.

Секој петти пациент со дијабетес примен во болница со коронавирус умира во рок од 28 дена, според резултати од новата студија. Студијата е на Универзитетот во Нант. Студијата исто така откри дека еден од осум пациенти со дијабетес хоспитализиран со коронавирус сè уште е во болница 28 дена по приемот.

Филипче: До крајот на март ќе имаме 1.800.000 дози на вакцини, по 800.000 од Фајзер и КОВАКС механизмот и 200.000 од Синофарм.

Д-р Грозданова: Сите понудени вакцини се безбедни, вакцината на Фајзер/БиоНтек досега се покажа како најквалитетна.

Ј. Ѓ.

Next Post

Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020, вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk