ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Успешно започна имунизацијата, вакцинираните здравствени работници се чувствуваат добро, рано е за опуштање

February 18, 2021 09:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска и главната сестра на Инфективна клиника Габриела Темелковска, се првите здравствени работници кои вчера ја примија вакцината против Ковид-19.

„Се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам сите да ја примат вакцината, затоа што ова е единствен начин да се заштитиме од оваа инфекција со која цел свет се бори.“, истакна првата вакцинирана примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска, на прес-конференцијата одма после вакцинирањето.

– Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука, а понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече министерот за здравство Филипче.

Филипче нагласи дека вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи.

„Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Штитат 100 отсто, буквално сите вакцини кои се сега на пазарот, штитат од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот, потенцираше Филипче.

Имунизацијата од Модуларната болница се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

Пунктот во модуларната болница, каде има шест вакцинални позиции работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје.

„Здравствените работници што сега се пријавија испратија добар сигнал. 70% од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се вакцинираат. Досега се пријавени околу 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во Скопје, а другите се во останатите градови. На секој здравствен работник кој примил вакцина веднаш му се резервира втора доза за ревакцинација.“, рече Филипче.

Министерот нагласи дека до крајот на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Филипче додаде дека сè уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот.

До вчера до 14 часот вкупно 53.070 граѓани беа пријавени за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, а преку матичните лекари 24.958 лица.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Нови лабораториски студии: Вакцините на Фајзер/Бионтех и на Модерна штитат од новите мутации на коронавирусот

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk