Постигнат договор меѓу Владата и Сојузот на средношколци, ќе се полагаат два екстерни предмети, третиот станува интерен, матурата се поместува за 5 јуни.
Апелирам Државната изборна комисија брзо да влезе во постапката за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прстот, за да може да се исполни ова законски вградено решение, затоа што постои во Законот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Шекеринска на состанок со НАТО министрите за одбрана на кој се дискутира за иднината на мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак.
Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди токму таква поддршка на младите, да ја развиваат својата креативност и своите бизнис идеи, со цел успешно да ги преточат во вистински бизниси и во старт ап компании и активно да учествуваат заедно со сите чинители на пазарот на трудот, истакна министерката Шахпаска.
Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, а обврска на граѓаните е да ја платат главнината на долгот.
Царовска, Груби и Адеми договорија измени во учебникот по географија каде се навредува албанската заедница. Тројцата соговорници се согласиле дека во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени.
Европските перспективи на земјата, имплементацијата на ИПА фондовите за прекугранична соработка со соседните земји, актуелната политичка состојба во државата и надминување на препреките кон целосното интегрирање во ЕУ, беа теми на денешната средба на министерот за локална самоуправа Горан Милевски Илхан Ќучук.
Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, разговараа за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји, преку решавање на сите прашања преку дијалог.