ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Советот на честа на ЗНМ му „пресуди“ на Тричковски

November 30, 2019 20:43
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија објави соопштение на 28 ноември, според кое Бранко Тричковски го прекршил Кодексот на ЗНМ, со колумната „Флека на екранот“, објавена на FRONTLINE.MK на 18 ноември 2019 година. Соопштението е објавено на веб страницата на ЗНМ. Го објавуваме во целост:

Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија, постапувајќи по претставка од  Бранко Героски за колумната  на Бранко Тричковски објавена на онлајн медиумот Frontline.mk, под наслов „Флека на екранот“, а во која колумнистот  Тричковски, демонстрира омраза, вулгарност во говорот,  клевети и навреди, под превезот на метафора, истовремено го злоупотребил и медиумот за лична пресметка со Героски и со г-н Милчин“, констатира дека жалбата е основана. Кодексот на ЗНМ е прекршен во членовите 10, 11,15 и 16 според кои:

  • Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.
  • Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.
  • Новинарот ќе ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
  • Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Истовремено, Советот на честа на ЗНМ потсетува дека почитувањето на поинаквото мислење е во основата на Кодексот на новинарите. Несогласувањето со туѓото мислење не подразбира користење говор на омраза, дискредитација и лични навреди со елементи на повик на насилство. Уште еднаш ги повикуваме новинарите, а особено членовите на ЗНМ, да внимаваат на своите јавно искажани ставови, меѓусебно да не се навредуваат, да не поттикнуваат говор на омраза и да не повикуваат на „јавен линч“, само затоа што не го делат истото мислење со некој друг.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk