До уставните и сите други судии.
Бујрум, „чесен” суде.
Само бујрум, напрајте го ова. Сите имате име и презиме и нема шанси веќе да се криете зад институцијата Уставен суд, или термини како „правосуден систем” и „органи на правдата”. Не, не, тоа е фора за деперсонализација на функцијата, за да не ви жежи толку под нозе дур ја масакрирате правдата.
Преку глава ми е од флоскули дека правниот систем не функционира. Не е тоа нешто апстрактно, не е метафизика, така е оти луѓе со име и презиме го кварат системот. Јас стварно не знам дали се притисоци, корупција, некадарност, партиска догма ,или некоја подлабока декаденција што не ја разбирам, ама тоа си е ваш проблем. Ако вие не го решите, не заслужувате ни приправници да бидете, а камо ли уставни судии. Ко стрини седите дур некој со мандат од 4 години и некој што сака мандат од 4 години ви создаваат правила на игра во вашиот двор.
Пизди, кукавици.
Не само вие од уставен, сите судии. Сите до еден!
Уште кога ќе чујам „имало и чесни судии” ми иде да се убијам.
Кај се тие? Оти не писнале ништо за колегите што не се чесни? Оти некој што е чесен не поднел оставка за да не му се извалка името у моменталниве правни фекалии? Патетични тетки и чичковци со капацитет и габарит на службеничиња извршувате капитални функции. Стотици ве има само пет души ве знаеме. Епа не може така. Толку е. Толку ни се нервите, нам неколкуте што останавме.
Затоа ви велам, бујрум направете го ова а луѓето што ги ограбувате од правда, катарза и бар елементарна верба во системот, ќе се погрижат и вашите имиња да стојат како епитаф над македонската правна држава.
пишува: активистката Ирена Стеријовска