Денеска се регистрирани 129 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.
Вакцинирани 1.040 здравствени работници, над 63 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата. Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.
Членови на семејството и обезбедувањето на Мијалков повикани на информативен разговор. Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираа од МВР.
Мијалков на списокот на МВР, се бара со национална
потерница. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, се вели во одговорот на МВР за Фронтлајн.
Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на Мијалков да избега. Околу 21:20 часот, како што се посочува во соопштението, Обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.
Работниците да се охрабрат и да ги
пријават сите прекршувања од работен однос. ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе се ангажираат во следниот период да ја вратат довербата во институционалното разрешување на проблемите на работниците и враќање на сигурноста на работничките права, се вели во соопштението од ССМ.
Царовска: Околу 85 отсто од компаниите се
подготвени да примаат ученици на практична настава. Министерката Мила Царовска по средбата изјави дека очекува од 2021/2022 да се отворат повеќе дуални паралелки, посочувајќи дека модуларното средно стручно дава можност за комбинирање неколку профили во една паралелка.
И. Т. З.