ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Имаме најава за четири нови инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2000 работни места

February 23, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера вечер гостуваше во емисијата Топ Тема, на телевизија Телма, кадешто за актуелни економски теми дебатираше со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Вицепремиерот Битиќи, на прашање во однос на нивото на странските директни инвестиции во земјата, рече дека не би сакал да ги дели компаниите на странски и домашни и дека она за што сака да зборува се инвестиции на компаниите, затоа што на крајот сите компании кои работат во земјата се наши, домашни компании.

„Законот за стратешки инвестиции и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, т.е. Планот за економски раст навистина даваат резултати. Најавив пред 10-тина дена, еве денес можам да потврдам дека веќе во петокот имам потврда за 2 нови инвестиции од постојни компании коишто заради потребата, односно добивање на договори со нивните добавувачи ќе го прошират и зголемат производството. Тоа се дополнителни 2000 работни места коишто до крајот на годината ќе се реализираат. Дополнително две други компании планираат 300  милиони евра инвестиции, коишто претходно кажав дека доаѓаат преку стратешките инвестиции. Овиe се две стратешки инвестиции за коишто можам во моментот да зборувам, но сакам да укажам дека сега во овој момент од листата на стратешки инвестиции коишто ги разгледуваме, имаме вкупно 11, коишто достигнуваат навистина фрапантни бројки, коишто веројатно ако ги кажеме нема да верувате и затоа како што ќе се случуваат ќе ги кажуваме. Дека нашата економија е стабилна, не го потврдувам тоа јас, тоа го потврди пред 2 дена и „Standard & Poor’s“ со кредитниот рејтинг, ни го задржа на исто ниво без разлика на тоа што бевме погодени со кризата. Тоа го потврдуваат сите меѓународни финансиски организации, коишто кажуваат дека без разлика на кризата остануваме добри во регионот со падот. Падот секако не е позитивна работа, но тоа е секаде во светот, сепак се предвидува солидно заздравување во 2021, а веќе во 2022 да се вратиме во нормалните текови, односно на стапките на раст кој сите го очекуваме околу 5%, а зашто не и повеќе“, нагласи Вицепремиерот.

 

Next Post

Биткоинот во слободен пад, падна на 17 проценти за еден ден

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk