ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал

February 24, 2021 12:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Битиќи, којшто е и претседател на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци посочи новиот Геопортал е дел од иницијативата на Владата на Република Северна Македонија за зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до гео-просторните податоци до сите граѓани и стопанството, информираат владини извори.

„Токму затоа се ставаат на располагање податоците од НИПП гео-порталот, да може да ги користат државните органи, стопанството и граѓаните. Со еден клик на НИПП гео-порталот може да се дојде до бараната информација, може да се видат катастарските парцели, хидрографската мрежа, патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и други податоци“, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во текот на пандемијата, НИПП Геопорталот на многу корисници им овозможува „on-line“ пристап до гео-просторните податоци од нивните домови.

„Дигитализацијата е иднината на светот, а со воспоставување на овој нов геопортал, со само еден клик, им овозможуваме на граѓаните, бизнисите, на државните институции, да пристапат до мноштво гео просторни податоци, со што значително се олеснува и забрзува секој процес“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, кои се носители на работата на Националната инфраструктура на просторни податоци, подвлече дека новиот Национален Геопортал овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена.

„При креирањето на финалното софтверско решение за НИПП гео-порталот се земени во предвид неколку аспекти како што се производите, корисниците, административните аспекти, бизнис аспектите, стратешките цели, но и одредени визии и концепти за тоа како системот во иднина треба да функционира. Од системски аспект НИПП гео-порталот ги интегрираа просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде истите се достапни за користење до сите корисници во и вон Република Северна Македонија. НИПП порталот е веб-базирано решение на кое се објавени просторните податоци и услуги. Податоците и услугите на порталот можат да се пронајдат, да се прегледаат и да се преземат од страна на корисниците“, кажа директорот Тунџев.

Националниот Геопортал содржи повеќе компоненти: апликација за пребарување, каталог на метаподатоци со алатка за креирање на метаподатоци, апликација за прегледување на мапи односно ГИС прегледник, регистри,  административен модул и основен модул за е-комерцијални услуги.

Во моментов на Националниот Геопортал се објавени 161 мета податоци и 79 веб сервиси кои се однесуваат на 82 видови на просторни податоци објавени од страна на 5 институции (АКН, МЗШВС, ЦУК, УЗКН и АПП), што покажува дека гео-порталот е во напредна фаза, но сеуште има потреба од негово континуирано надополнување со нови податоци.

Промоцијата на новиот Национален Геопортал се случува во денот на Националната инфраструктура на просторни податоци, а по тој повод се одржува и втората конференција на НИПП, преку видео конференциска врска, на која свое воведно обраќање имаа вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев.

Next Post

Бочварски: Определени сме гасот да го доведеме до сите крајни корисници

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk