ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Наскоро ќе бидат објавени повици за подготовка на програмите за прво и четврто одделение

February 24, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наскоро ќе бидат објавени повици за подготовка на наставните програми за прво  и четврто одделение согласно со Концепцијата за основно образование, соопшти министерката Мила Царовска и ги повика експертите да аплицираат на огласите кои ќе бидат објавени и да се вклучат во, како што рече, новото, современо македонско основно образование.

– Среќна сум што добивме конструктивни коментари на јавните расправи во изминатите два месеца, во Собранието беше презентирана и ревидирана верзијата, согласно гласот на различни ескепрти, граѓански организации, професори итн. Сметам дека сега имаме добро решение за концепцијата и многу скоро ќе се објават и повици за подготовка на програмите за прво  и четврто одделение кои понатаму треба да влезат во импелемнтација, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во Скопје.

Наставата во училиштата ќе продолжи да се одвива според хибридниот модел избран на почетокот на учебната година – онлајн-настава за сите освен за учениците до трето одделение и за ученици во погорни одделенија во помали училишта, главно подрачни и во рурални средини.

– Хибридниот модел е стабилен и до денес нема никакви помествувања во континуитетот на одржување на образовниот процес, но и во заштитата на здравјето и на учениците и на наставниците, а со тоа и на јавното здравје. Тоа укажува дека изборот  што нашата држава го направи за овој хибриден модел на настава покажа успех, и за регионот, а можам да кажам и во светот. Затгоа ние – Комисијата за заразни болести и министерствата за образование и за здравство, одлучивме и второто полугодие да го почнеме на ист начин како што го завришивме првото. Се додека нема друга промена на ситуацијата, остануваме на истиот модел, рече Царовска.

Во однос на иницијативата да се повлече учебникот Географија за гимназиско образование за втора година, министерката одговори дека тоа не е единствениот учебник и дека тоа ќе важи за сите во кои има стереотипи и навредливи содржини.

– Во првиот месец од мојот мандат повлековме учебник кој имаше дискриминаторска содржина. Секој учебник за кој има пријава дека има дискриминаторска содржина, ќе биде повлечен. За тоа се формира комисија. Во моментов е формирана комисијата за спорниот учебник и ќе ги видиме резултатите кои ќе ги посочи комисијата, што со тој учебник понатаму. Во континуитет се повлекуваат учебници кои во изминатите години и тоа како имале дискриминирачка и навредувачка содржина за различна група граѓани во нашата држава. Владата во програмата тоа го има поставено како приоритетно прашање. Во моментов работиме на системско решавање и поставување филтри за понатаму да не се случува влез на вакви содржини во образовниот систем, додаде Царовска./МИА/

Next Post

ФИТР со нова програма за соработка на стартапите и корпоративниот сектор

Shortcut

Најново

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk