ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Извршен надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето

February 25, 2021 10:30
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојбите во однос на заштитата на животната средина во термоцентралата РЕК Битола. Овој комбинат се’уште нема добиено дозвола за усогласување со оперативен план, а рокот за нејзино издавање е истечен во 2019 година. Инспекторатот со соочува со потребата надзорот да се врши согласно одделните закони, наместо да го следи спроведувањето на одредбите од дозволата на интегриран начин. Со Законот за животна средина што е во собраниска процедурасе продолжува рокот, што ќе овозможи Нацрт А дозволата за усогласување со оперативен план, која е во финална фаза, да биде веднаш издадена, информираат од ДИЖС.

Со увид во извештаите од мерењата на концентрации на загадувачки материи во амбиентниот воздух што се вршат на три станици (во селата Дедебалци,Гнеотино и Рибарци), се утврди дека не се регистрирани отстапувања од дозволените концентрации за ПМ 10 и ПМ 2,5, сулфур диоксид и азот диоксид во последните 6 месеци.Меѓутоа,емисиите на прашина и сулфурен диоксид што се мерат на двата оџаци ги надминуваат граничните вредности, а надминати се и максималните вкупни емисии што се утврдени со Националниот план за намалување на емисиите кој произлегува од Договорот со Енергетската заедница.Наместо во 2018 година да се постигнат 15,855 тони сулфур диоксид, реалните емисии биле 53,855 тони, или надминувањето на максималната утврдена вредност (“плафон”) изнесувало 3.40 пати. Во 2019 година лимитот од 15,855 тони сулфур диоксид е надминат 6.81 пати, а емисиите изнесувале 108,033 тони.Во 2018 година лимитот на емисии на прашина од 1,738 тони е надминат 2.06 пати, а во 2019 година а во 2019 година истиот е надминат 2.17 пати. Заради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница земјатанајверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции.

За намалување на емисиите на сулфур диоксид (преку десулфуризација или друга соодветна метода), потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање. Сулфур диоксидот е гас што може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина.Високите концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, предизвикуваат закиселување на почвата и водите, намалување на биодиверзитетот и загрозување на здравјето на населението, и тоа на огромна оддалеченост од изворот на емисиите.Вкупните емисии на сулфур диоксид делумно ќе се намалат со планираната гасификација на првиот блок, но доколку другите два блока продолжат да користат јаглен и мазут како гориво, неопходно е итно да се започне со инвестирање во десулфуризација и изведба на систем за континуиран мониторинг на емисиите.

Други поважни мерки се намалувањето на фугитивните емисии од депонијата на јаглен и рекултивацијата на коповите во рудникот за јаглен, како и подобрувањето на пречистувањето на отпадните води.

За намалување на емисиите на прашина во тек е спроведување на јавна набавка за реконструкција нафилтрите.По изведувањето на предвидените работи, вредностите на емитираната прашина ќе бидат под 50 mg/m3. Ќе се воспостави и заштитен зелен појас со садење тополи и багреми.

По извршениот надзор РЕК Битола се задолжи:

  • Континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите
  • Соодветно да го складира и обележува опасниот отпад како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа од отпадни масла

Откако РЕК Битола ќе ја добие дозволата за усогласување со оперативен план, инспекторите ќе обезбедат навремено спроведување на утврдените мерки за намалување на загадувањето. Непочитувањето на утврдените рокови ќе биде сооветно санкционирано.

 

Next Post

Општина Кочани ги исплати субвенциите за печки на пелети и инвертер-климатизери

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk