ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Евростат потврди-пописот ќе биде по меѓународни стандарди, да се мобилизира цело опшество тој да биде успешен

February 25, 2021 16:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за спроведување на пописот се одвиваат одлично и следната недела, од понеделник, ќе почне попишувањето на одредени категории како припадници на АРМ, лица во воспитно поправните домови, нашите дипломати, нивните семејства во странство и бездомните лица. Донесен е и здравствениот протокол за изведување на пописот и со тоа и здравствените предуслови и заштитни мерки се подготвени, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, додаде дека во услови кога опозицијата собира потписи за да го оспори Законот за попис, од страна на Евростат добиена е официјална потврда дека методологијата и Законот и начинот на кој се планира и ќе се спроведе пописот се во согласност со сите стандарди што се практикуваат во современиот свет.

-Законот за попис и методологијата неодамна беа споделени со Евростат. Тие во повеќето аспекти се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на Европската унија иако законодавството на ЕУ се уште не е обврзувачко за Северна Македонија како земја кандидат, ја цитираше Маричиќ Маргарида Карвало од канцеларијата за односи со јавноста на Евростат.

Ова, додаде министерот за правда, ги руши сите критики на опозицијата за наводно лош и неевропски закон, дилеми дали имало потреба да се стави на законот европско знаме или немало потреба, за методологијата и за се друго.

-Затоа испраќаме порака ајде да се обединиме да ја оставиме дневната политика настрана и заедно да го направиме пописот. По ваквиот став на Евростат се исполнети сите предуслови и ВМРО-ДПМНЕ и сите партии да го поддржат пописот наместо да ја опструираат оваа статистичка операција која е од клучно значење за државата и за граѓаните. Лично мислам дека тоа треба да го направат сите политички партии. Ги повикувам да се охрабрат и да го направат тоа, рече министерот за правда додавајќи дека целото општество треба да се мобилизира за успешно спроведување на оваа операција.

Тој информираше дека досега се пријавени 3722 лица за попишувачи, а оти се потребни шест илјади за успешно спроведување на оваа статистичка операција. Како што потенцира, уверени се дека ќе се постигне потребната бројка и оти пописот успешно ќе се спроведе./МИА/

Next Post

ССМ: Договорот за недела неработен ден е при крај

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk