ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предадена во употреба модуларната Ковид болница во Гостивар

February 27, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Гостивар е предадена е во употреба модуларната ковид болница, една од шеснаесетте кои се поставуваат во земјава. Таа е со капацитет од 35 кревети и се наоѓа во близина на инфективното одделение на гостиварската општа болница и целосно е опремен.

На предавањето во употреба беше и првиот човек на македонското здравство Венко Филипче, кој новоизградениот објект го нарече мини инфективна клиника. Во него во прво време ќе работат вработените од инфективното одделение, а ќе се засили и со персонал по системот на ротација.

– Наскоро ќе се инсталира и најсовремен дигитален рентгне апарат и ехо-апарат со сите сонди, кои се неопходни за прецизна дијагностика. Со инсталираната опрема ова ќе биде мини инфективна клиника за третман на паценти со ковид19, а во некои други времиња може да се користи и како модерен тријажен центар или помал ургентен центар, рече Филипче.

Министерот Филипче, при посетата оствари и средбата со раководството на општата болница „Ферид Мурад“ која ја искористи и за разговор за плановите и инвестициите. Тој најави дека во скоро време гостиварската болница, која пружа услуги на жителите од околните општини.

– Болницата е позната по својата експертиза. Целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Со директорот разговаравме и за некои следни планови. После многу години за првпат болницата ќе добие магнетна резонанца. Тоа значи дека сите овие жители кои имаат потреба од таа услуга повеќе нема да патуваат во Скопје, туку тука ќе ги прават тие снимки. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита, истакна Филипче.

Директорот на болницата, Јакуп Јакупи напомена дека објектот е завршен за помалку од два месеци и дека веќе се работи на последната фаза за инсталирање на дополнителната специјализирана опрема.

– На почетокот ќе ја користиме за сместување и третман на пациенти со ковид. Ќе биде од голема корист, особено ако дојде до пораст на бројката на заболени, за што се надевам дека нема да дојде, изјави Јакупи.

Тој информираше дека во четвртокот биле вакцинирани четириесетина вработени од болницата, а очекува имунизирањето да продолжи според насоките на здравствените власти.

По поведувањето на иницијатива за изградба на модуларни болници, досега се завршени објектите во Гостивар, Кичево, Струга, Гевгелија, Струмица, Охрид, Штип, а останатите се во завршна фаза на изградба.

 

извор: MИА

Next Post

Следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини, најави Филипче

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk