Арсенал го отпушти Унаи Емери од функцијата тренер на тимот, објави премиерлигашот од Лондон на својата официјална веб-страница, пренесе МИА.
– Одлуката е донесена поради фактот дека резултатите и настапите не беа на потребното ниво. Го замоливме Фреди Љунгберг да ја преземе одговорноста за првиот тим како вршител на должноста тренер. Уверени сме дека Фреди ќе не води напред. Сега бараме нов тренер и ќе објавиме кога ќе заврши овој процес, соопшти Арсенал.
Синоќа Арсенал на домашен терен, загуби од Ајнтрахт во групната фаза од Лигата на Европа со резултат 1:2, задржувајќи го водството во групата Ф и шансите за пласман во плејофот, но во исто време предизвикувајќи незадоволство од страна на навивачите.
Во шампионатот на Англија, Арсенал со 18 бода на 13 натпревари го зазема осмото место.
Емери стана главен тренер на Арсенал на 23 мај 2018 година. Во сезоната 2018/19 година, клубот го освои петтото место во Премиер лигата не влегувајќи во Лигата на шампионите, но стигна до финалето на Лигата на Европа и загуби таму од Челзи.