Даниела Рангелова, поранешна пратеничка и висока партиска функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, го нокаутира Мицкоски со еден удар. Веднаш по гласањето за довербаа на Владата која ја предложи самиот премиер Зоран Заев, излегоа повеќе реакции на социјалните мрежи. Таа на својот профил напиша:
Дали може да му се верува на овој човек??? Ни Владата падна, ни тој успеа да обезбеди ново мнозинство, за жал! Пак уште една нова лага, во низата измислици на Мицкоски!!! Само едно е во право!
“УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ МОРА ДА ПЕАТ КАКО ШТО ИМ Е КАЖАНО!!!
ПЕЕЕЕЈ МИЦКОСКИ, НО ДО КОГА???
На социјалните мрежи веќе има голем број зајадливи реакции на адреса на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното неспособно раководство, по гласањето за довербата на Владата на Заев, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, едноставно, испарија, иако со недели се фалат дека ќе направеле парламентарно мнозинство. Коментарот од една од најистакнатите политички фигури на ВМРО-ДПМНЕ, Рангелова, секако долго ќе се памети.Д. Е.












































































































